Претседателката Сиљановска ја збуни Софија

 

Посетата на Гордана Сиљановска Давков е „паметен обид да се сврти вниманието на меѓународната заедница од бруталната политичка чистка што се случува на сите нивоа на администрацијата во Северна Македонија“.

Вака софиската агенција БГНЕС ја коментира утрешната посетата на претседателката Силјановска Давкова на Софија, за да ја проследи претставата „Набуко“ на Македонската опера и балет, заедно со бугарскиот претседател Румен Радев.

„За пофалба е одлуката на Давкова да ја посети Софија на почетокот на нејзиниот мандат. Од друга страна, не е јасно дали таа е израз на културна дипломатија, како што тврди, или е уште еден обид на власта во Скопје да фрли прашина во очите на меѓународните партнери кои сакаат да се подобрат односите со Софија и шансите за членство во ЕУ. Фактите велат дека е поверојатно второто сценарио, бидејќи посетата не е официјална, туку приватна. Претседателката Давкова не е поканета од Румен Радев во официјална посета. Неодамна, таа се самопокани во Бугарија под изговор дека ќе гледа опера, за да може да  имитира желба да ги разјасни односите со Бугарија. За ЕУ посетата ќе биде претставена како израз на добрососедство и желба за дијалог, а во медиумите во Северна Македонија Давкова ќе биде претставена како бранител на националната чест и достоинство од ‘бугарскиот диктат’“, коментира главниот уредник Георги Пашкулев.

12.09.2024 - 10:59

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега