Меџити: Одговорно тврдам - Законот за бранители нема да помине

 

Министерот и член на ВЛЕН, Изет Меџити објави дека пратениците од здружената коалиција се против измените на Законот за бранители без закон за привилегии на припадниците на поранешната УЧК.

-Милионерите од Фронтот – ДУИ, потомците на Комунистичката партија на Југославија – СДСМ и претставниците на фашистичката левица – ЛЕВИЦА, ги здружија силите за да ги реализираат предупредувањата за дестабилизација на државата и поттикнување етнички тензии. Со оваа цел тие денеска на дневен ред во Собранието го внесоа предлогот за законот за бранители

Нашите пратеници се против дополнување на законот за бранители без закон за привилегии на припадниците на УЧК.

Јавно прашувам: дали Законот за бранители е обид за поттикнување меѓуетнички тензии и дефокусирање на вниманието на јавноста од фрапантно криминално богатење на челниците на ДУИ?

Ги потсетувам милионерите од ДУИ дека со гласовите на нивните министри, (поранешната) влада ја финансираше одбраната на Трачуловски во Хаг. За време на нивното владеење неколку пати беше воведен закон за бранители; а уште полошо – истиот закон е договорен во владините структури на ДУИ, само за да можат бранителите да уживаат разни привилегии, дури и онаа на бесплатни студии на Универзитетот во Тетово што војниците на УЧК го платија со крв.

На крајот, повторувам со целосна одговорност: Законот на Славјанка Петровска и Блерим Беџети нема да помине, навел Меџити на социјалните мрежи, кој во моментов претстојува во САД на 9-та годишна конференција за енергетска безбедност на Централна и Источна Европа.

Пратеничката од СДСМ, Славјанка Петровска во Собранието поднесе Предлог-закон за бранителите со кој се предвидува зголемување на надоместокот по степен на попреченост од 1.200 евра како максимална месечна вредност, на 82 илјади евра доколку степенот на инвалидност е 100 проценти како еднократен надомест. Мнозинството пратеници гласаа „за“ потребата за носење на овој закон по скратена постапка. Бидејќи се вклучени и семејствата на бранителите од конфликтот во 2001 година, албанските партии се спротивставија.

 

12.09.2024 - 09:54

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега