Експлодираше рачна бомба во Неготино: Едно лице пренесено во болница
Вчера во 12.05 часот во СВР Тетово било пријавено дека околу 11.50 часот во атар на с.Неготино, општина Врапчиште, додека бил во нива на неговиот брат, кај место викано „Маврица“, од експлозија на рачна бомба со повреди се здобил Б.А.(51) од с.Неготино.
Тој бил пренесен во Ургентен центар во Гостивар за укажување на лекарска помош. По овластување на јавен обвинител, увид извршила екипа од ОВР Гостивар во содејство со екипа од Единицата за откривање и демонтирање на експлозивни средства и направи при МВР.
Се работи на расчистување на случајот.
12.09.2024 - 15:54
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа