Седумдесет и петгодишниот М.К. е тешко повреден вчера попладне во скопско Ново Село, откако се лизнал и паднал пред паркиран трактор кој во тој момент се придвижил и го прегазил, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР).
Според информациите од полицискиот билтен, настанот бил пријавен во СВР Скопје вчера во 17:45 часот. Повредениот М.К. бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде што му била укажана лекарска помош и му биле констатирани тешки телесни повреди.
На местото на несреќата бил извршен увид, а полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.

