Жител на Куманово е кривично пријавен откако ѝ се заканувал на својата ќерка дека ќе ја запали неа и семејната куќа, а собата ја полил со запалива течност.
Според пријавата, на 19 ноември во семејната куќа, Б.С. ја навредувал ќерката и ѝ упатувал закани.
Од СВР Куманово против него е поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“.

