Пет лица биле лишени од слобода на различни локации во Скопје, откако полицијата кај нив пронашла кафеава прашкаста материја, друга прашкаста материја и марихуана.
Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, вчера и завчера полициски службеници од СВР Скопје ги привеле Б.Н.(39), Д.Х.(19) и С.С.(30), сите од Скопје, Д.Д.(21) од Струмица и Ф.С.(25) од Турција.
Од МВР посочуваат дека материите биле пронајдени и одземени, а по целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.

