Close Menu
Press24
    Најново

    Стапката на невработеност падна на 11,2 отсто, но расте бројот на неформално вработени – над 103 илјади работат „на црно“

    27.11.2026 во 12:44

    Ќе има нови одземања на дозволи за финансиски друштва: Министерката најави дополнителни санкции

    27.11.2026 во 12:43

    Негативниот природен прираст продолжува да се продлабочува – во третото тримесечје 647 повеќе умрени отколку родени

    27.11.2026 во 12:42
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Стапката на невработеност падна на 11,2 отсто, но расте бројот на неформално вработени – над 103 илјади работат „на црно“
    • Ќе има нови одземања на дозволи за финансиски друштва: Министерката најави дополнителни санкции
    • Негативниот природен прираст продолжува да се продлабочува – во третото тримесечје 647 повеќе умрени отколку родени
    • Двајца приведени во Србија за „Алта банка“, во Македонија сè уште нема истрага: Фрчкоски го прозва Савески
    • Фрчковски: Приведената директорка на „Алта груп“ во Србија е сопственичка на фирма во Скопје
    • Заменик-министерка стави „Х“ на македонскиот јазик, за да се пофали како уверението го добила само на албански
    • Стан во Аеродром за млади по 950 евра квадрат – новиот закон носи големи попусти
    • Трагичен случај во Битола: 41-годишна жена пронајдена почината
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Стапката на невработеност падна на 11,2 отсто, но расте бројот на неформално вработени – над 103 илјади работат „на црно“

    Стапката на невработеност падна на 11,2 отсто, но расте бројот на неформално вработени – над 103 илјади работат „на црно“

    27.11.2026 во 12:442 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Во третото тримесечје од 2026 година стапката на невработеност во земјава изнесува 11,2 отсто, додека стапката на вработеност е 46,5 отсто. Според најновите податоци на Државниот завод за статистика (ДЗС), иако вкупната невработеност бележи благо опаѓање, паралелно се зголемува бројот на неформално вработени лица,пред сè поради сезонските ангажмани во земјоделството и градежништвото.

    Во периодот јули – септември 2026 година, вкупното активно население во земјава брои 797 775 лица. Од нив, вработени се 708 182 граѓани, додека без работа се 89 593 лица. Останатите 723 811 граѓани на возраст над 15 години спаѓаат во категоријата неактивно население.

    Статистиката покажува дека бројот на невработените во третиот квартал е намален за 0,5 отсто во споредба со второто тримесечје годинава, а на годишно ниво (во однос на третото тримесечје од 2025 година) падот изнесува 2,4 отсто. Од вкупниот број невработени, побројни се мажите со удел од 62,1 отсто (55 670 лица), додека жените сочинуваат 37,9 отсто (33 923 лица). Кај младата популација на возраст од 15 до 29 години, стапката на невработеност останува висока и изнесува 24,8 отсто.

    Истовремено, бројот на вработени лица е зголемен за 0,4 отсто на годишно ниво. Во родовата структура на вработените доминираат мажите со 57,6 отсто (407 599 лица), наспроти жените кои учествуваат со 42,4 отсто (300 583 лица).

    Посебен акцент во извештајот е ставен на неформалната вработеност, која во третото тримесечје достигнала 103 177 лица, што е квартален пораст од 2,1 отсто. Од ДЗС посочуваат дека овој скок главно се должи на сезонската работа:

    • Земјоделство, шумарство и рибарство: Евидентирани се 58 213 неформално вработени, што претставува 56,4 отсто од вкупната работа „на црно“.
    • Градежништво: Концентрирани се дополнителни 16 отсто од неформално вработените.

    Прочитај повеќе

    Над 160 технолошки лидери во Скопје: AI агентите ја менуваат иднината на бизнисот

    27.11.2026 во 10:14

    Дурмиши: Недела останува неработен ден

    26.11.2026 во 20:01
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.