Close Menu
Press24
    Најново

    Фрчковски: Приведената директорка на „Алта груп“ во Србија е сопственичка на фирма во Скопје

    27.11.2026 во 12:21

    Заменик-министерка стави „Х“ на македонскиот јазик, за да се пофали како уверението го добила само на албански

    27.11.2026 во 12:20

    Стан во Аеродром за млади по 950евра квадрат – новиот закон носи големи попусти

    27.11.2026 во 12:20
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Фрчковски: Приведената директорка на „Алта груп“ во Србија е сопственичка на фирма во Скопје
    • Заменик-министерка стави „Х“ на македонскиот јазик, за да се пофали како уверението го добила само на албански
    • Стан во Аеродром за млади по 950евра квадрат – новиот закон носи големи попусти
    • Трагичен случај во Битола: 41-годишна жена пронајдена почината
    • Не може да има исплати и уплати во готовина: Димитриеска Кочоска најави нови правила за финансиските друштва
    • Подгответе се за -14 степени: Македонија ја зафаќа вистинска зима
    • Ѓорѓиевски постави цел: Нула загинати во сообраќајот во Скопје до 2030 година
    • Грипот зема замав во Македонија: Регистрирани и шест случаи на Ковид-19
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Фрчковски: Приведената директорка на „Алта груп“ во Србија е сопственичка на фирма во Скопје

    Фрчковски: Приведената директорка на „Алта груп“ во Србија е сопственичка на фирма во Скопје

    27.11.2026 во 12:212 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Членот на Извршниот одбор на СДСМ, Јон Фрчкоски, на денешната прес – конференција ја објасни целата шема на ширење на бизнисот  „Алта“ на релација Вучиќ-Мицкоски. Фрчкоски посочи дека Антикорупцискиот тим на СДСМ има нови документи кои откриваат дополнителни поврзаности на луѓето од Алта груп со бизниси и фирми во Македонија. 

    Тој потсети дека во Србија, во истрагата за Алта банка освен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка, во притвор е и Татјана Бундало, директорката на „Алта груп“ Белград, кои се сомничат дека извршиле кривични дела поврзани со изнесување кеш од трезорот на Алта банка во износ од околу 17 милиони евра. 

    „Имињата на овие луѓе кои се веќе приведени, Бундало и Мацура водат директно и до бизниси и фирми во Македонија. Еве го изводот од Централниот регистар: Татјана Бундало, директорка на Алта груп Белград која е приведена во Србија е сопственик на фирмата „Алта Реал Естате ДООЕЛ Скопје во Македонија.Дополнително, поврзана е и со фирмата Алта груп ДООЕЛ Скопје.Видете како се ширел октоподот на бизниси, влијанија, зделки и дилови на релација ВМРО-СНС, Мицкоски-Вучиќ за само кратко време“, рече Фрчкоски.

    Притоа, Фрчкоски потсети дека Давор Мацура е член на Надзорниот одбор на Алта банка АД Битола, а ја купи и ЗОИЛ Македонија за 1,7 милиони евра и го отвори прашањето кој ги донесе овие бизниси во Македонија и со кого се правени договорите.

    „Кој ги донесе во Македонија и со кого се правени бизнис дилови? Па се знае, организирана криминална група на ВМРО. Трајко Славески јавно кажа дека за влезот на Алта банка се консултирал со Христијан Мицкоски“, рече Фрчкоски.

    Дополнително, Фрчкоски го отвори и прашањето зошто Обвинителството и јавниот обвинител Ненад Савески не преземаат ништо и зошто нема истрага за Алта банка во Македонија, ниту постапување по кривичната пријава на СДСМ.

    „Дали на овој начин се штитат Мицкоски, Славески и други инволвирани во Алта банка од одговорност? Со чување во фиока?Нашата порака е јасна, нема бегање од вистината, нема бегање од одговорноста. За скандалот со Алта банка ќе има одговорност. Бандата ќе одговара!“, рече Фрчкоски.

    Прочитај повеќе

    Не може да има исплати и уплати во готовина: Димитриеска Кочоска најави нови правила за финансиските друштва

    27.11.2026 во 12:11

    Митева: Наместо аргументи и факти, политичкиот опонент шири лаги и невистини

    27.11.2026 во 10:18
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.