Четириесет и едногодишна жена од Битола е пронајдена почината во сместувачки капацитет на улицата „Македонска фаланга“ во градот, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР).
Настанот бил пријавен вчера во СВР Битола, а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство.
Полицијата извршила увид на местото на настанот, а по наредба на јавен обвинител телото е предадено на Судска медицина за обдукција.

