Close Menu
Press24
    Најново

    Ѓорѓиевски постави цел: Нула загинати во сообраќајот во Скопје до 2030 година

    27.11.2026 во 11:40

    Грипот зема замав во Македонија: Регистрирани и шест случаи на Ковид-19

    27.11.2026 во 11:35

    ФОТО: Драматични сцени од пожарот во Охрид – Осум лица во болница

    27.11.2026 во 11:32
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Ѓорѓиевски постави цел: Нула загинати во сообраќајот во Скопје до 2030 година
    • Грипот зема замав во Македонија: Регистрирани и шест случаи на Ковид-19
    • ФОТО: Драматични сцени од пожарот во Охрид – Осум лица во болница
    • Зимата пристигнува за викендот: УХМР издаде најново метео предупредување
    • Температурите ќе паднат до -15 степени, доаѓа леден бран во регионот
    • Силно невреме го парализираше САД: Над 900.000 домаќинства без струја, одложена парадата во Њујорк
    • Тошковски најави големи промени во полицијата – се ќе биде снимено
    • Нови сомнителни случаи на мајмунски сипаници во Русија: Две лица хоспитализирани
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Ѓорѓиевски постави цел: Нула загинати во сообраќајот во Скопје до 2030 година

    Ѓорѓиевски постави цел: Нула загинати во сообраќајот во Скопје до 2030 година

    27.11.2026 во 11:401 Min Read
    Орце Ѓорѓиевски, Фејсбук
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, најави серија мерки за зголемување на безбедноста во сообраќајот, меѓу кои редизајн на 50 критични крстосници и улици, подобро осветлување, сообраќајна сигнализација и изградба на поврзани пешачки и велосипедски патеки.

    Во обраќањето на втората Национална конференција за безбедност на патиштата, Ѓорѓиевски посочи дека целта на Град Скопје е до 2030 година да нема сообраќајни несреќи со смртни последици.

    Тој истакна дека станува збор за заедничка обврска за намалување на бројот на загинати и тешко повредени лица во сообраќајот за најмалку 50 проценти до 2030 година, додека Скопје поставува уште поамбициозна цел.

    Како дел од приоритетните инфраструктурни проекти, градоначалникот ги посочи булеварот „Борис Трајковски“, мостот на „Љубљанска“ и клучката „Момин Поток“, за кои вели дека треба да придонесат за побезбеден сообраќај.

    Ѓорѓиевски упати поддршка и за проектот „Безбеден град“ (Safe City), кој го спроведува Министерството за внатрешни работи, оценувајќи дека евидентирањето на сообраќајните прекршоци придонесува за поголема дисциплина кај возачите.

    Тој упати и апел до учесниците во сообраќајот да ги почитуваат правилата, да не користат мобилни телефони додека возат и да ја намалуваат брзината пред пешачките премини.

    „Ниту едно брзање не вреди повеќе од човечки живот“, порача Ѓорѓиевски во објавата на Фејсбук.

    Featured Just In Picks Top News
    Прочитај повеќе

    ФОТО: Драматични сцени од пожарот во Охрид – Осум лица во болница

    27.11.2026 во 11:32

    Зимата пристигнува за викендот: УХМР издаде најново метео предупредување

    27.11.2026 во 11:27
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.