Close Menu
Press24
    Најново

    Не може да има исплати и уплати во готовина: Димитриеска Кочоска најави нови правила за финансиските друштва

    27.11.2026 во 12:11

    Подгответе се за -14 степени: Македонија ја зафаќа вистинска зима

    27.11.2026 во 11:52

    Ѓорѓиевски постави цел: Нула загинати во сообраќајот во Скопје до 2030 година

    27.11.2026 во 11:40
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Не може да има исплати и уплати во готовина: Димитриеска Кочоска најави нови правила за финансиските друштва
    • Подгответе се за -14 степени: Македонија ја зафаќа вистинска зима
    • Ѓорѓиевски постави цел: Нула загинати во сообраќајот во Скопје до 2030 година
    • Грипот зема замав во Македонија: Регистрирани и шест случаи на Ковид-19
    • ФОТО: Драматични сцени од пожарот во Охрид – Осум лица во болница
    • Зимата пристигнува за викендот: УХМР издаде најново метео предупредување
    • Температурите ќе паднат до -15 степени, доаѓа леден бран во регионот
    • Силно невреме го парализираше САД: Над 900.000 домаќинства без струја, одложена парадата во Њујорк
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Не може да има исплати и уплати во готовина: Димитриеска Кочоска најави нови правила за финансиските друштва

    Не може да има исплати и уплати во готовина: Димитриеска Кочоска најави нови правила за финансиските друштва

    27.11.2026 во 12:113 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска, во гостувањето во „Утринско еспресо“ на Радио Лидер, зборуваше за актуелните случувања со финансиските друштва, откако на дел од нив им беа одземени дозволите за работа. Таа посочи дека, покрај Министерството за финансии, и други институции имаат надлежности во однос на постапувањето со овие друштва, а потсети и на активностите што ги презело Министерството за засилување на контролите и заштита на граѓаните.

    ,,Уште во 2024 година, ние како Министерство за финансии имаме испратено едно циркуларно писмо до сите финансиски друштва, со напомена да се внимава токму на член 36 од Законот за потрошувачи, каде што одредени опомени доставување на опомени и таков тип на дејствија, коишто ги преземаат финансиските друштва не смеат да се наплаќаат бидејќи точно тоа е наведено во законот за Заштита на потрошувачи“, вели Димитриеска Кочоска.

    Таа нагласи дека целта на писмото била финансиските друштва да се потсетат на обврските што произлегуваат од законот и да внимаваат во своето работење, а како што кажа, во меѓувреме, министерстовто работело и на зајакнување на надзорните капацитети, со поддршка од претставници на одделот за техничка помош при Министерството за финансии на САД: ,,Така се воспостави и одделението во 2025 година, коешто врши контрола, вонтеренска и теренска и нормално дека со тек на време се зајакнуваат контролите“.

    Димитриеска Кочоска се осврна на финансиските друштва на кои им беа одземени дозволите за работа, и објасни дека нивното затворање не се случува автоматски со одземањето на дозволата, туку се спроведува согласно утврдена законска постапка. Таа посочи дека станува збор за друштва кои имаат склучено кредитни договори со одредена рочност, поради што е потребно време за регулирање на нивните побарувања.

    ,,По законот си има постапка, во колкав рок тие треба да се подготват за одење во стечај или ликвидација. Не е тоа дека со одземањето на дозволата, значи дека  понатаму не смеат да кредитираат, меѓутоа до нивно комплетно затворање има процес“, кажа Димитриеска Кочоска.

    Во однос на законските измени, Димитриеска Кочоска информираше дека новото законско решение е веќе подготвено и дека е направено и последното читање.

    ,,За да направите добар и квалитетен закон, вас ви требаат информации многу често и од оние коишто на некој начин работат врз основа на тој закон. Ние во Министерството за динансии имаме многу пријави од граѓаните. Јас ги охрабрувам и понатаму да пријавуваат. Сите овие изречени прекршоци, опомени итн,  се резултат на пријави на граѓани. Ние на дневна основа добиваме пријави и постапуваме по основ на пријавите. И сето тоа на некој начин на нас ни даде, насока како да се подобри законот“, рече Димитриеска Кочоска и додаде:

    ,,Го дискутиравме законот за финаниски друштва. Дефинитивно најмногу ми пречеше делот со кешот. Не може да има исплати во готовина, уплати во готовина и тоа е нешто што верувам дека финаниските друштва бурно ќе реагираат. Мора да оди преку сметки“. 

    Прочитај повеќе

    Митева: Наместо аргументи и факти, политичкиот опонент шири лаги и невистини

    27.11.2026 во 10:18

    ВМРО-ДПМНЕ најавува нова мерка за младите брачни парови

    27.11.2026 во 09:28
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.