Close Menu
Press24
    Најново

    Заменик-министерка стави „Х“ на македонскиот јазик, за да се пофали како уверението го добила само на албански

    27.11.2026 во 12:20

    Стан во Аеродром за млади по 950евра квадрат – новиот закон носи големи попусти

    27.11.2026 во 12:20

    Трагичен случај во Битола: 41-годишна жена пронајдена почината

    27.11.2026 во 12:16
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Заменик-министерка стави „Х“ на македонскиот јазик, за да се пофали како уверението го добила само на албански
    • Стан во Аеродром за млади по 950евра квадрат – новиот закон носи големи попусти
    • Трагичен случај во Битола: 41-годишна жена пронајдена почината
    • Не може да има исплати и уплати во готовина: Димитриеска Кочоска најави нови правила за финансиските друштва
    • Подгответе се за -14 степени: Македонија ја зафаќа вистинска зима
    • Ѓорѓиевски постави цел: Нула загинати во сообраќајот во Скопје до 2030 година
    • Грипот зема замав во Македонија: Регистрирани и шест случаи на Ковид-19
    • ФОТО: Драматични сцени од пожарот во Охрид – Осум лица во болница
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Заменик-министерка стави „Х“ на македонскиот јазик, за да се пофали како уверението го добила само на албански

    Заменик-министерка стави „Х“ на македонскиот јазик, за да се пофали како уверението го добила само на албански

    27.11.2026 во 12:202 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Заменик-министерката за транспорт, Калтрина Зеколи Шаќири, се пофали со уверение за овластен државен ревизор напишано исклучиво на албански јазик, на кое нема текст на македонски јазик.

    Овој документ го претстави како политичко достигнување на владиниот коалициски партнер ВРЕДИ.

    Објавувајќи на својот фејсбук-профил, Зеколи Шаќири графички направи споредба меѓу уверенијата издадени од Државниот завод за ревизија.

    На едната страна е прикажано уверение напишано на македонски јазик, придружено со логото на ДУИ, натписот „Како беше со ДУИ“ и црвен крст под кој пишува „100 отсто македонски“.

    На другата страна е прикажано уверение напишано целосно на албански јазик, со логото на ВЛЕН, натписот „Како е со ВЛЕН“ и зелен знак за одобрување, придружен со натписот „100 отсто албански“.

    Во објавата, како политички успех не се истакнува двојазичноста на документот, туку неговото издавање исклучиво на албански јазик. Истовремено, уверението напишано исклучиво на македонски јазик е означено со негативен визуелен симбол.

    Од прикажаниот документ на албански јазик може да се забележи дека лицето на кое му е издадено уверението го полагало испитот за овластен државен ревизор на 19 ноември 2026 година, пред комисија на Државниот завод за ревизија.

    Зеколи Шаќири од јули 2024 година ја извршува функцијата заменик-министер за транспорт во Владата. Според нејзината официјална биографија објавена на веб-страницата на Министерството за транспорт, таа е доктор на правни науки и поранешна деканка на Правниот факултет при Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје.

    Од објавата не е јасно дали Државниот завод за ревизија издава и двојазични уверенија, дали кандидатите самостојно го избираат јазикот на кој ќе им биде издаден документот и врз која правна основа се издаваат уверенија исклучиво на албански јазик.

    Прочитај повеќе

    Стан во Аеродром за млади по 950евра квадрат – новиот закон носи големи попусти

    27.11.2026 во 12:20

    Трагичен случај во Битола: 41-годишна жена пронајдена почината

    27.11.2026 во 12:16
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.