Close Menu
Press24
    Најново

    Негативниот природен прираст продолжува да се продлабочува – во третото тримесечје 647 повеќе умрени отколку родени

    27.11.2026 во 12:42

    Двајца приведени во Србија за „Алта банка“, во Македонија сè уште нема истрага: Фрчкоски го прозва Савески

    27.11.2026 во 12:36

    Фрчковски: Приведената директорка на „Алта груп“ во Србија е сопственичка на фирма во Скопје

    27.11.2026 во 12:21
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Негативниот природен прираст продолжува да се продлабочува – во третото тримесечје 647 повеќе умрени отколку родени
    • Двајца приведени во Србија за „Алта банка“, во Македонија сè уште нема истрага: Фрчкоски го прозва Савески
    • Фрчковски: Приведената директорка на „Алта груп“ во Србија е сопственичка на фирма во Скопје
    • Заменик-министерка стави „Х“ на македонскиот јазик, за да се пофали како уверението го добила само на албански
    • Стан во Аеродром за млади по 950 евра квадрат – новиот закон носи големи попусти
    • Трагичен случај во Битола: 41-годишна жена пронајдена почината
    • Не може да има исплати и уплати во готовина: Димитриеска Кочоска најави нови правила за финансиските друштва
    • Подгответе се за -14 степени: Македонија ја зафаќа вистинска зима
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Негативниот природен прираст продолжува да се продлабочува – во третото тримесечје 647 повеќе умрени отколку родени

    Негативниот природен прираст продолжува да се продлабочува – во третото тримесечје 647 повеќе умрени отколку родени

    27.11.2026 во 12:421 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Македонија бележи нов демографски пад во третото тримесечје од 2026 година. Според најновите претходни податоци на Државниот завод за статистика (ДЗС), природниот прираст изнесува -647, што претставува влошување во однос на истиот период лани кога негативниот прираст изнесувал -431.

    Во периодот јули – септември 2026 година, во земјава се живородени 4 160 деца, што е намалување за 4,8 отсто во споредба со третото тримесечје од 2025 година (кога биле родени 4 370 деца). Истовремено, бројот на мртвородени деца бележи значителен скок и изнесува 28, за разлика од 12 во истиот период лани.

    Од друга страна, бројот на умрени лица бележи благо зголемување од 0,1 отсто. Во третиот квартал годинава починале 4 807 лица (наспроти 4 801 лани), од кои 19 се умрени доенчиња (16 во третото тримесечје од 2025). Овие бројки покажуваат дека бројот на починати е за 647 лица поголем од бројот на живородени деца.

    Кога станува збор за брачноста, статистиката регистрира благ пораст. Во третото тримесечје од 2026 година се склучени 3 524 бракови, што е за 0,5 отсто повеќе во споредба со ланските 3 505 бракови. Бројот на разводи, пак, бележи благо опаѓање – регистрирани се 397 разведени бракови, наспроти 414 во третиот квартал од 2025 година.

    Прочитај повеќе

    Двајца приведени во Србија за „Алта банка“, во Македонија сè уште нема истрага: Фрчкоски го прозва Савески

    27.11.2026 во 12:36

    Фрчковски: Приведената директорка на „Алта груп“ во Србија е сопственичка на фирма во Скопје

    27.11.2026 во 12:21
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.