Close Menu
Press24
    Најново

    Сали: Македонија обезбеди 142,1 милиони евра од европскиот План за раст

    27.11.2026 во 12:56

    Речиси половина од македонската економија се создава во Скопје – Североисточниот регион на дното и по БДП и по инвестиции

    27.11.2026 во 12:47

    Стапката на невработеност падна на 11,2 отсто, но расте бројот на неформално вработени – над 103 илјади работат „на црно“

    27.11.2026 во 12:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Сали: Македонија обезбеди 142,1 милиони евра од европскиот План за раст
    • Речиси половина од македонската економија се создава во Скопје – Североисточниот регион на дното и по БДП и по инвестиции
    • Стапката на невработеност падна на 11,2 отсто, но расте бројот на неформално вработени – над 103 илјади работат „на црно“
    • Ќе има нови одземања на дозволи за финансиски друштва: Министерката најави дополнителни санкции
    • Негативниот природен прираст продолжува да се продлабочува – во третото тримесечје 647 повеќе умрени отколку родени
    • Двајца приведени во Србија за „Алта банка“, во Македонија сè уште нема истрага: Фрчкоски го прозва Савески
    • Фрчковски: Приведената директорка на „Алта груп“ во Србија е сопственичка на фирма во Скопје
    • Заменик-министерка стави „Х“ на македонскиот јазик, за да се пофали како уверението го добила само на албански
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Сали: Македонија обезбеди 142,1 милиони евра од европскиот План за раст

    Сали: Македонија обезбеди 142,1 милиони евра од европскиот План за раст

    27.11.2026 во 12:562 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, учествуваше на Самитот на лидерите за Планот за раст за Западен Балкан, на 27 ноември во Тирана, каде што се разговараше за резултатите од реформите и новите приоритети на европската интеграција.

    Во своето обраќање, Сали истакна дека Северна Македонија обезбеди 142,1 милиони евра преку Инструментот за реформи и раст. Во рамките на четвртото барање за исплата се пријавени 22 реформски чекори со проценета бруто-вредност од над 112 милиони евра, кои чекаат оценка од Европската комисија. До септември 2026 година, преку Единствената област за плаќања во евра (СЕПА) се реализирани над 581 илјада трансакции, со проценети заштеди од над 5 милиони евра.

    Сали го нагласи значењето на предложената рамка во комуникацијата на Европската комисија „Preparing for a wider Union“, која предвидува поструктурирана и попредвидлива постепена интеграција преку порано учество во политики, програми, агенции и оперативни структури на ЕУ, по исполнување на релевантните услови. Тој ја изрази подготвеноста на земјата за дијалог со Комисијата за утврдување конкретни можности за секторска интеграција.

    Во фокусот беа и модернизацијата на граничните премини, интеграцијата во европските синџири на снабдување, дигитализацијата и континуитетот на европската финансиска поддршка по 2027 година. Сали повтори дека постепената интеграција треба да го зајакне пристапниот процес, додека полноправното членство во ЕУ останува стратешка цел на земјата.

    Прочитај повеќе

    Речиси половина од македонската економија се создава во Скопје – Североисточниот регион на дното и по БДП и по инвестиции

    27.11.2026 во 12:47

    Стапката на невработеност падна на 11,2 отсто, но расте бројот на неформално вработени – над 103 илјади работат „на црно“

    27.11.2026 во 12:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.