Close Menu
Press24
    Најново

    Расчистено убиството кај Смилковци – уапсен 38-годишен скопјанец

    27.11.2026 во 13:15

    Снајпер со придушувач, пет бомби и над 107 килограми дрога пронајдени кај 17-годишник во регионот

    27.11.2026 во 13:14

    Секој хороскопски знак има свој среќен ден во декември: Проверете кој датум е ваш

    27.11.2026 во 12:59
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Расчистено убиството кај Смилковци – уапсен 38-годишен скопјанец
    • Снајпер со придушувач, пет бомби и над 107 килограми дрога пронајдени кај 17-годишник во регионот
    • Секој хороскопски знак има свој среќен ден во декември: Проверете кој датум е ваш
    • Сали: Македонија обезбеди 142,1 милиони евра од европскиот План за раст
    • Речиси половина од македонската економија се создава во Скопје – Североисточниот регион на дното и по БДП и по инвестиции
    • Стапката на невработеност падна на 11,2 отсто, но расте бројот на неформално вработени – над 103 илјади работат „на црно“
    • Ќе има нови одземања на дозволи за финансиски друштва: Министерката најави дополнителни санкции
    • Негативниот природен прираст продолжува да се продлабочува – во третото тримесечје 647 повеќе умрени отколку родени
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Расчистено убиството кај Смилковци – уапсен 38-годишен скопјанец

    Расчистено убиството кај Смилковци – уапсен 38-годишен скопјанец

    27.11.2026 во 13:151 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Скопската полиција го расчисти убиството што се случи минатата сабота на обиколницата „Мајка Тереза“ во близина на селото Смилковци. Зад решетки заврши 38-годишниот Б.Ј. од Скопје, кој при распитот во полиција детално го објаснил начинот на кој го извршил делото.

    Според информациите од Министерството за внатрешни работи, осомничениот Б.Ј. (38) бил лишен од слобода вчера (26 ноември) по преземени оперативно-тактички мерки од страна на полициски службеници од Единицата за насилен криминал – Одделение за крвни и сексуални деликти при СВР Скопје.

    Тој се товари за убиството на Ш.Е. (38) од скопското село Љубин, чие безживотно тело со прострелна повреда во пределот на ногата беше пронајдено на 21 ноември на скопската обиколница „Мајка Тереза“ кај Смилковци. Во близина на телото на жртвата полицијата тогаш го пронајде и патничкото возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, кое претходно го управувал убиениот.

    По апсењето, со осомничениот Б.Ј. бил извршен службен разговор, при што тој го појаснил начинот на извршување на кривичното дело.

    Денеска (27 ноември), по целосно документирање на случајот и во координација со Основното јавно обвинителство Скопје, Единицата за насилен криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава по брза постапка против Б.Ј. за кривично дело „убиство“, казниво по член 123 од Кривичниот законик.

    Прочитај повеќе

    Трагичен случај во Битола: 41-годишна жена пронајдена почината

    27.11.2026 во 12:16

    ФОТО: Драматични сцени од пожарот во Охрид – Осум лица во болница

    27.11.2026 во 11:32
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.