40-годишен тетовец бил приведен откако со закана со остар предмет ѝ одзел паричник на 55-годишна жена во угостителски објект во Тетово.
Според пријавата, вчера околу 18:20 часот, Г.С.(40) ѝ се заканил на Ш.М.(55) и ѝ го одзел паричникот.
Подоцна, во 20:30 часот, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода на улицата „Киро Ристовски Дрнц“. Кај него бил пронајден и одземен нож на расклопување.
Тој бил задржан во полициска станица за понатамошна постапка.

