Мал телефон, голем неуспех: Apple го прекинува производството на еден од iPhone 12 моделите?

Американската компанија Apple минатата година го претстави iPhone 12 Mini во надеж дека ќе ги привлече корисниците кои ги сакаат телефоните со мали екрани. Меѓутоа, производството на овој модел би можело да престане поради слабата продажба.

Вилијам Јанг, аналитичар во компанијата JP Morgan неодамна изјави дека Apple ви можеле да го намалат производството на iPhone 12 Mini за дури 11 милиони примероци во првиот квартал од 2021-ва година, а во вториот можно е и целосно да биде прекинато производството.

Од друга страна, Јанг смета дека производството на iPhone 12 Pro и iPhone 12 Pro Max моделот ќе биде зголемено во првата половина од оваа година.

Во извештајот на аналитичката компанија CIRP за периодот октомври-ноември 2020-та година, iPhone 12 Mini имал удел од само 6% од вкупната продажба која ја оствариле Apple. Сепак, ова и не е толку релевантно, затоа што телефонот беше достапен за продажба во ноември.

Apple веќе има „мал“ телефон, односно компактна верзија и тоа во вид на iPhone SE моделот. Доколку оваа година видиме четири iPhone 13 модели, веројатно Mini верзијата „ќе одмори“ неколку години.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.02.2021 - 19:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа