Во хеликоптерската несреќа во Њујорк загинаа три деца, родителите и пилотот
Шест лица загинаа кога денеска напладне хеликоптер се урна во реката Хадсон во близина на Долна Менхетен во Њујорк.
Според изворите, во хеликоптерот имало пилот, двајца возрасни и три деца. Потрагата по шестиот патник е во тек.
Очевидци опишуваат сцена на хаос – велат дека падот бил проследен со силен звук, сличен на пробивање на звучна бариера. Хеликоптерот се распаднал на половина откако удрил во водата, пренесува ABC News.
Несреќата се случила во близина на долниот дел од Менхетен, на страната на реката што е поблиску до Њу Џерси. Надлежните служби веднаш реагирале, а крајбрежната стража ја затворила областа за бродски сообраќај додека трае истрагата.
Hudson River Helicopter crash @fox5ny @ABC7 @NBCNewYork @CBSNewYork @njdotcom @News12NJ @CNN @cnnbrk
Credit: Bruce Wall pic.twitter.com/CVy249wApx
— SangriaUltra (@xpertcommander) April 10, 2025
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа