ЕУ воведе дополнителни санкции за Белорусија
Европската унија одлучи да додаде 25 физички и седум правни лица од Белорусија на списокот на физички и правни лица, субјекти и тела подложени на рестриктивни мерки поради ситуацијата во Белорусија и вмешаноста на Минск во руската агресија врз Украина, пренесува РСЕ.
„Србија е единствената земја-кандидат за членство во Европската унија од Западен Балкан која не ја почитувала новата надворешнополитичка одлука на ЕУ за воведување дополнителни санкции кон Белорусија“, соопшти денеска високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Каја Калас.
Сите други земји кандидати за членство во ЕУ од Западен Балкан – Северна Македонија, Црна Гора, Албанија и Босна и Херцеговина – се усогласија со оваа одлука на Советот на ЕУ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа