Ослободете се од мувлата и непријатните мириси од машината за алишта, еве како да ја чистите гумата
Доколку почувствувате непријатен мирис од вашата машина за перење, време е да ја исчистите гумата на нејзината врата која е полна со мувла.
Чистењето на гума во машина за перење е лесно и не ви требаат груби хемикалии како белилото. Белиот оцет и сода бикарбона можат да ја убијат мувлата заедно со клучната состојка – листови за машина за сушење на алишта.
Истурете една лажица сода бикарбона во сад, додадете малку оцет и направете паста. Натопете ги марамчињата со пастата, потоа турнете ги во гумата и почекајте 10 минути.
После тоа, исчистете ја гумата со марамчиња и мувлата ќе исчезне. Ако се уште има мувла и нечистотија, постапката повторете ја уште еднаш.
Кога ќе завршите, пуштете ја машината „празна“ за да бидете сигурни дека целата преостаната нечистотија е отстранета. Вашите алишта ќе бидат беспрекорно чисти после ова, а непријатниот мирис ќе исчезне.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа