Директорката на клиниката од Падова дојде на гости во Штип кај пациент што го лекуваа по пожарот во Кочани
Директорката на Педијатриската клиника на Универзитетската болница на Падова, Сузана Еспосито го посети младиот Симон Крстев од Штип, кој е еден од повредените во трагедијата во Кочани. Како што објави директорот на Фондот за здравствено осигурување Сашо Клековски, проф. Еспосито во Македонија доаѓа на покана на родителите на Симон.
„Денеска проф. Еспосито го посети Симон во Штип. Тој не само што е лекуван во Парма, туку ја добил сета емотивна поддршка во тие тешки моменти. Поддршка толку силна да ја донесе проф. Еспосито во Штип. И се заблогодарив за се што е направено за Симон и порачав дека секогаш е добредојдена во Македонија“, напиша Клековски на социјалните мрежи.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа