ДУИ: ДУИ изразува почит кон сите христијански заедници во нашата земја, кои се нераскинлив дел од нашата мултиетничка држава

 
По повод големиот христијански празник Велигден, Демократската унија за интеграција упатува најсрдечни честитки до сите верници од православната и католичката вероисповед кои денес празнуваат.

„Велигден е симбол на надежта, животот и победата на светлината над темнината. 

 
Тоа е ден што нѐ обединува околу универзалните вредности на љубов, солидарност и прошка.
 
Во духот на заедништвото, ДУИ изразува почит кон сите христијански заедници во нашата земја, кои се нераскинлив дел од нашата мултиетничка држава.

Им посакуваме мирен и благословен празник, исполнет со духовна радост, здравје и хармонија во семејствата“, стои во честитката од ДУИ испратена до медиумите.

20.04.2025 - 11:25

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега