Трагедија ја потресе Македонија: Тригодишно дете од Кавадарци однесено починато на Клиниките „Мајка Тереза“
Вчера во 09.30 часот во СВР Скопје, од Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје е пријавено дека кај нив е донесено починато тригодишно дете од Кавадарци, кое од претходно имало здравствени проблеми.
Лекар констатирал смрт, а во службен разговор, неговата мајка Т.Ѓ.С.(36) од Кавадарци изјавила дека околу 03.00 часот го однела во Општа болница Кавадарци, од каде ги упатиле во Клиниката за детски болести при Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје, каде што во 08.45 часот е констатирана смрт.
По наредба на јавен обвинител телото на починатото дете е предадено на обдукција.
04.06.2025 - 14:09
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа