Муцунски во работна посета на Париз: Клучни средби за евроинтеграциите и билатералните односи
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, утре ќе престојува во работна посета на Париз, Француската Република.
Посетата, како што информираат од МНРиНТ, ќе започне со средба со неговиот домаќин, министерот за Европа и надворешни работи на Француската Република, Жан-Ноел Баро, по што ќе следи работна средба со Бенџамин Хадад, министер делегиран за Европа.
Во рамки на посетата, Муцунски, како што е најавено, ќе оствари средба и со Бертран Бишвалтер, советник за континентална Европа и Турција на претседателот на Француската Република, Емануел Макрон.
Во фокусот на разговорите, посочуваат од МНРиНТ, ќе бидат натамошното унапредување на билатералните односи, реафирмирањето на француската поддршка за евроинтегративниот процес на нашата земја, како и размена на мислења за актуелни регионални, европски и глобални прашања.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа