Возел пијан за Велигден: Удрил во бандера, па полицијата го однела директно зад решетки

 

Денеска (20.04.2025) во 02 часот на ул. „Страшо Пинџур“ во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода В.С.(25) од општина Росоман. В.С. со неговото патничко возило „мерцедес“ со кавадаречки регистарски ознаки, излетал од коловозот и удрил во бандера, а по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,59 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица Кавадарци.

 

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“.

20.04.2025 - 11:21

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега