Хаос во Скопје: Со 2,14 промили се забил во бензинска па лажел дека работи во АНБ

 

По полноќ во 02.30 часот на булеварот „Србија“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода 31-годишниот Б.Р. од Крива Паланка поради сомнение за сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297 А од Кривичниот законик.

МВР денеска информира дека возачот управувајќи патничко возило „хјундаи“ со скопски регистарски ознаки, удрил во објект на бензинска пумпа на булеварот.

Додека, по преземени мерки било констатирано дека возилото го управувал без возачка дозвола, дека е под дејство на алкохол, односно дека му биле измерени 2,14 промили алкохол во крвта и дека лажно се претставил како вработен во АНБ.

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава. 

16.04.2025 - 10:43

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега