Романија во март со највисока стапка на инфлација во ЕУ

 

Романија е земја во ЕУ со највисока стапка на инфлација во март, при што цените се зголемија за 5,1 отсто на годишно ниво, објави ТВ Диџи 24, повикувајќи се на податоците презентирани денеска од Евростат.

Во исто време, годишната стапка на инфлација во ЕУ продолжи да се намалува во март на 2,5 отсто од 2,7 отсто во февруари.

Земјите со најниска стапка на инфлација во март се Франција (0,9 отсто), Данска (1,4 отсто) и Луксембург (1,5 отсто). По Романија највисока стапка на инфлација во март имале Унгарија (4,8 отсто) и Полска (4,4 отсто).

Народната банка на Романија неодамна ја ревидираше нагоре прогнозата за инфлацијата за крајот на годината од 3,5 отсто на 3,8 отсто и очекува таа да се намали на 3,1 отсто до крајот на 2026 година, потсетува телевизијата.

16.04.2025 - 20:45

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега