Муцунски и Герапетритис се сретнаа во Грција: Зајакнување на билатералната соработка
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска, на маргините на Делфи економскиот форум во Грција, оствари средба со министерот за надворешни работи на Република Грција, Јоргос Герапетритис.
Средбата претставува важен чекор напред во зајакнувањето на регионалната соработка и значително унапредување на заемните дипломатски односи. Во оваа прилика, министерот Муцунски упати искрена благодарност за промптната медицинска помош што Грција ја обезбеди за дел од повредените во трагедијата во Кочани, оценувајќи го овој чин како силен гест и одраз на вистинско пријателство меѓу двете соседни земји.
Двајцата министри ја нагласија заедничката подготвеност и потребата од понатамошно унапредување на билатералната соработка – преку интензивиран политички дијалог, приоритетно поврзување во сферата на инфраструктурата и енергетиката, како и нова динамика во економијата, културата и туризмот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа