Ева Лонгорија позираше во бикини, фотографијата собра повеќе од 180 илјади лајкови

 

Актерката Ева Лонгорија на Инстаграм објави серија фотографии на кои на своите следбеници им покажа како ги поминала последните неколку дена.

На првата фотографија ѕвездата на Desperate Housewives позира во бикини со леопард принт. Многумина ја пофалија нејзината фигура во коментарите под сликата. Објавата собра над 180.000 лајкови.

На други фотографии таа покажа моменти со пријателите и семејството, како и снимањето за L’Oreal. Таа исто така сподели дека моментално ја чита книгата на Виктор Е. Франкл „Човекот трага по значење“.

Ева неодамна проговори за можноста за снимање на продолжение на хит серијата Очајни домаќинки. Актерката, која го играше ликот Габриел Солис од 2004 до 2012 година, вели дека ќе биде првата што ќе потпише договор за продолжување на серијата.

„Исклучително сум горда на досегот што го имаше шоуто. Сакам што луѓето ширум светот сè уште ме препознаваат како Габи денес! Тоа само покажува колкаво влијание имало шоуто“, изјави таа за Stellar Magazine.

Ева минатиот месец го прослави својот 50-ти роденден. Прославата траеше два дена, а меѓу познатите кои присуствуваа на забавите беа Викторија Бекам, Беки Џи, Габриел Унион, Леле Понс, Марк Ентони и српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ.

Новак на прославата очигледно бил без сопругата. Ева објави видео на кое позира со пријателите. Новак застана до Џесика Алба, а во видеото се појавуваат и бизнисменот Дејвид Грутман и неговата сопруга Изабела, парагвајскиот модел Надија Фереира, Марк Ентони и Беки Г.

Луѓе, ве сакам“, напиша Лонгорија во описот на видеото.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Eva Longoria Baston (@evalongoria)

10.04.2025 - 23:24

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега