По прекинот на водоснабдувањето, направен вонреден мониторинг на квалитетот на водата

 

 

Секторот Санитарна контрола на ЈП Водовод и канализација – Скопје денеска изврши вонреден мониторинг на водоснабдителниот систем на градот Скопје кој беше во прекин со водоснабдување на 31.05.2025 година поради изведување на активности на секторот Водовод и секторот ЕОК.

Како што информираат од претпријатието, мониторингот опфати 10 (десет) точки: Кале, Топанско Поле, Шуто Оризари, Радишани, Бутел, Ф – 600, Железара- во раните утрински часови, Автокоманда, Визбегово и Чаир 1 од каде беа земени примероци од вода за пиење врз кои беше изведено физичко-хемиско и микробиолошко лабораториско тестирање.

Покрај теренските мерења на рутинските параметри и концентрацијата на резидуален хлор, тестирањето беше изведено и со страндардни методи со јонска хроматографија за физичко-хемиската анализа и со Полимераза верижна реакција (ПЦР) метода за микробиолошката анализа.

„Од добиените резултати сите примероци физичко-хемиски и микробиолошки одговараат на Правилникот за барање за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ бр.183/18), со што констатираме дека водата од водоснабдителниот систем на град Скопје е санитарно исправна и истата може непречено да се употребува за хумана употреба“, велат од ЈП Водовод и канализација – Скопје.

01.06.2025 - 20:11

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега