Полицајците на нозе: Исчезнаа две девојчиња на 13 и 14 години
Две девојчиња, од Велес и село во Општина Чашка на возраст од 13 и 14 години, во ист ден, вчера, излегле од дома и не се вратиле, а по нив трага велешката полиција, информираат денеска од СВР Велес.
Едното девојче го нема од вчера. Таткото, Р.Ј.(39) со привремен престој во село Стари Град, општина Чашка, пријавил во Сектор за внатрешни работи дека од домот се оддалечила неговата ќерка А.Ј.(13). Тој се сомнева дека е со лицето А.К. од село Гостиражни, општина Долнени.
Во 17:30 часот истиот ден, пријава во СВР Велес стигнала и од А.Е.(46) од Велес за оддалечување на нејзината ќерка М.Е.(14). Мајката се сомневала дека девојчето е со лицето С.У.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа