Замина тивко и мирно, таков каков што и беше. Замина најдобриот човек во мојот живот, што ме водеше по патот. Вака на социјалната мрежа Фејсбук, Љупчо Николовски од СДСМ со голема тага се прости од својот татко.
-Тато мој, Бог да те смести со ангелите – таму каде што ти е местото, златен наш.
Вечно ќе ми фалиш ![]()
Последниот поздрав и оддавањето почит ќе се одржат на 13.10.2026 година (вторник), од 11:30 до 13:30 часот, во капелата на Новите градски гробишта.
Погребот ќе се изврши во 14:00 часот на Старите градски гробишта во Крива Паланка, напиша Николовски.
И СДСМ – Крива Паланка изразија сочувство за загубата на нивниот другар и основач.
-Со длабока тага ја примивме веста дека нѐ напушти Стојчо Николовски-голем социјалдемократ, наш почитуван другар и еден од основачите на СДСМ во Крива Паланка. Човек со остар аналитички ум, богато искуство и силна посветеност на социјалдемократската идеја. Како дел од високите партиски структури и умот зад бројни аналитички процеси, Стојчо остави траен белег во растот и работата на нашата организација. Неговиот збор имаше тежина, а неговите совети секогаш беа драгоцени за многу генерации сопартијци.
Денес се збогуваме со човекот кој беше дел од нашите почетоци, нашите борби и нашата заедничка приказна. Останува благодарноста за сѐ што вложи и за вредностите на кои нѐ потсетуваше.
До нашиот другар Љупчо Николовски и целото семејство упатуваме најдлабоко сочувство за загубата на нивниот сакан татко.
Почивај во мир, драг Стојчо.
Вечна ти слава и благодарност, напишаа од СДСМ.

