Close Menu
Press24
    Најново

    ОЈО: Сторивме сѐ што можевме за да ја обезбедиме, ризикот од бегство беше причина зошто дававме негативно мислење за враќање на пасошот на Михајлова

    12.10.2026 во 14:13

    Ниту бугарската полиција не евидентирала влез на Ива Михајлова

    12.10.2026 во 13:27

    Ива Михаилова избегала: Во системот на МВР не е евидентиран нејзиниот излез од Македонија

    12.10.2026 во 13:08
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Македонска делегација на средби со ММФ и Светската банка – На маса важни економски прашања
    • Тага во СДСМ: „Почивај во мир, не напушти другар кој остави траен белег”
    • „Во Бугарија се чувствувам безбедно” – Што пишуваат бугарските медиуми за Ива Михаилова
    • „Таск форс“ во акција: Приведени две лица
    • Ќе снема вода во 9 часот – Исклучување во скопска населба
    • Собранието расправа за промени во администрацијата: Нови правила за унапредување, оценување и отказ
    • Се отвора битката за шеф на Обвинителството за организиран криминал – Петмина кандидати во трка
    • Ќе нема струја до 14 часот – Исклучувања во делови од Скопје
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Македонска делегација на средби со ММФ и Светската банка – На маса важни економски прашања

    Македонска делегација на средби со ММФ и Светската банка – На маса важни економски прашања

    13.10.2026 во 08:302 Mins Read
    Народна банка на Република Северна Македонија, Кабинет на гувернерот
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Делегација од Северна Македонија, предводена од гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, и министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, ќе учествува на Годишните средби на Меѓународниот монетарен фонд и Светската банка, кои оваа седмица ќе се одржат во Бангкок, Тајланд.

    Во рамки на посетата се планирани разговори со претставници на двете меѓународни финансиски институции, како и со други финансиски организации, со фокус на монетарната политика, економскиот развој и унапредувањето на финансиските системи.

    Гувернерот Славески ќе се обрати и на настан посветен на економските перспективи на Европа, каде што ќе зборува за можностите за побрз економски раст, повисока продуктивност и приближување на земјите од регионот кон Европската Унија.

    Меѓу главните теми на средбите со претставниците на ММФ ќе бидат продолжувањето на соработката во областа на монетарната политика и статистиката. Предвидени се разговори со заменикот на генералниот директор на Фондот, Бо Ли, директорот за Европа, Матеуш Шчурек, извршниот директор Јерун Клик и заменикот на извршниот директор Марникс ван Рај.

    Делегацијата на Народната банка ќе разговара и со претставници на одделите за статистика, правни работи и монетарни и капитални пазари на ММФ, при што ќе бидат разгледани досегашните резултати од меѓусебната соработка.

    Во фокусот на разговорите со Светската банка ќе бидат модернизацијата на платните системи, дигитализацијата на плаќањата и усогласувањето на домашната регулатива со европските стандарди. Најавени се средби со потпретседателката на Светската банка, Антонела Басани, и со извршниот директор за конституенцата во која членува земјава, Јуџин Ругенаат.

    Посебно внимание ќе биде посветено на воспоставувањето национален систем за инстант плаќања, заснован на моделот ТИПС на Евросистемот. Ќе се разговара и за пошироката примена на електронските плаќања, воведувањето национален стандард за плаќање со QR-код, усогласувањето со законодавството на Европската Унија и зајакнувањето на сајбер-безбедноста на платните системи.

    Годишните средби на ММФ и Светската банка се еден од главните меѓународни форуми за размена на мислења меѓу гувернерите на централните банки, министрите за финансии и претставниците на финансиските институции за глобалните економски движења, финансиската стабилност и предизвиците за економскиот развој.

    Just In Top News
    Прочитај повеќе

    Тага во СДСМ: „Почивај во мир, не напушти другар кој остави траен белег”

    13.10.2026 во 08:28

    „Во Бугарија се чувствувам безбедно” – Што пишуваат бугарските медиуми за Ива Михаилова

    13.10.2026 во 08:21
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.