Двајца мажи од делчевско биле приведени откако полицијата пронашла марихуана и ризли во автомобил „фолксваген голф“ со делчевски регистарски таблички.
Случајот се случил на 12 октомври, околу 21:05 часот, на стариот пат меѓу селото Тработивиште и Делчево. При проверка на паркираното возило, во кое се наоѓале двајцата мажи на возраст од 29 и 26 години, полицискиот мобилен тим „Task Force“ од Регионалниот центар за гранични работи Исток ја пронашол и одзела марихуаната и ризлите.
Двајцата се задржани во полициската станица во Делчево. По целосното документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од полицијата.

