Close Menu
Press24
    Најново

    Ќе има ли промени во јавните набавки? Пратениците утре повторно ќе гласаат за законот

    09.11.2026 во 11:21

    Кузеска: Обвинителството да го испита влезот на „Алта банка“ или СДСМ ќе поднесе кривични пријави

    09.11.2026 во 11:21

    Хорор го потресе светот: 14 загинати во пожар во повеќекатница, 25 лица завршија во болница

    09.11.2026 во 11:12
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Ќе има ли промени во јавните набавки? Пратениците утре повторно ќе гласаат за законот
    • Кузеска: Обвинителството да го испита влезот на „Алта банка“ или СДСМ ќе поднесе кривични пријави
    • Хорор го потресе светот: 14 загинати во пожар во повеќекатница, 25 лица завршија во болница
    • Македонската полиција му влегла дома – По претрес следувало апсење
    • Судницата денеска празна: Одложено рочиштето за „Онкологија“
    • Цената на нафтата паѓа
    • „Кафе, ќебапи, Стара чаршија и Матка” – Хрватски портал го препорачува Скопје за викенд-патување
    • Од денеска нови уплатници и промени на сите банкарски сметки – Македонија добива нов систем
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Кузеска: Обвинителството да го испита влезот на „Алта банка“ или СДСМ ќе поднесе кривични пријави

    Кузеска: Обвинителството да го испита влезот на „Алта банка“ или СДСМ ќе поднесе кривични пријави

    09.11.2026 во 11:212 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Јавното обвинителство и обвинителот Ненад Савески мора веднаш да постапат и да ги испитаат сите околности околу влезот на „Алта банка“ во Македонија, побара денеска портпаролката и членка на Извршниот одбор на СДСМ, Богданка Кузеска, на прес-конференција. Доколку обвинителството не реагира, партијата најави дека сама ќе поднесе кривични пријави.

    Од СДСМ истакнуваат дека по настаните во Србија, каде на банката ѝ е одземена дозволата, отворен е стечај и е уапсен сопственикот Давор Мацура, македонското обвинителство сè уште нема преземено соодветни чекори. Според партијата, Трајко Славески и премиерот Христијан Мицкоски овозможиле влез на банката во земјава и покрај претходните предупредувања и санкции од австриската FMA врз „Alta Group“ во 2024 година.

    Кузеска потсети на член 13 од Законот за банки, според кој акционер со квалификувано учество не може да стане лице или правно лице контролирано од субјект на кој му е изречена прекршочна санкција.

    „Славески морал да знае дека Алта Груп или Алта Банка никако не може да се стекне со статус квалификуван акционер и не смеел да дозволи влез на Алта Банка. Дополнително морал да ја погледне и репутацијата на сопственикот Давор Мацура, банкарот на Вучиќ кој стана банкар на Мицкоски а сега во притвор.“

    Според тврдењата на СДСМ, Владата носела и заклучоци со кои му било овозможено на Мацура да стекне поголем пакет акции на сметка на државата, како и да купи осигурително друштво. Од опозициската партија обвинуваат дека молкот на обвинителството ја продлабочува недовербата и остава простор за уништување докази и заташкање на трансакциите.

    „Бараме веднаш да се испитаат сите околности за влезот на Алта банка во Македонија. Улогата на Мицкоски. Постапувањето на Славески. Предлогот на Кочоска. Владините заклучоци. Потеклото и текот на парите. Сите инволвирани да одговараат.“

    Кузеска го повика обвинителот Савески да ги одбие политичките притисоци и да работи според Уставот и законите, предупредувајќи дека во спротивно го чека одговорност.

    „Нека не чека Савески повик од Мицкоски. Нека му ги одбиве повиците и нека постапува. Обвинителството има обврска кон граѓаните.“

    Прочитај повеќе

    ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и Филипче шират манипулации за Алта банка

    09.11.2026 во 09:22

    СДСМ до Славески: „Часовникот отчукува”

    09.11.2026 во 08:30
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.