Четириесет и петгодишен кичевец е приведен откако полицијата при претрес во неговиот дом пронашла бела прашкаста материја и фолии со траги од кафеава материја.
Претресот бил извршен на 8 ноември, со судска наредба, од страна на криминалистичката полиција при ОВР Кичево. По пронаоѓањето на материјалите, 45-годишниот маж бил лишен од слобода.
Од полицијата информираат дека по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

