Close Menu
Press24
    Најново

    Од денеска нови уплатници и промени на сите банкарски сметки – Македонија добива нов систем

    09.11.2026 во 10:42

    Банките воведуваат нови правила – Од денес се менува системот на плаќање во Македонија

    09.11.2026 во 10:39

    Трагичен крај на потрагата: 13-годишното девојче пронајдено починато во стара куќа во Германија

    09.11.2026 во 10:35
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Од денеска нови уплатници и промени на сите банкарски сметки – Македонија добива нов систем
    • Банките воведуваат нови правила – Од денес се менува системот на плаќање во Македонија
    • Трагичен крај на потрагата: 13-годишното девојче пронајдено починато во стара куќа во Германија
    • Ноемвриско утро со студ – УХМР ги измери температурите низ Македонија
    • Трамп: Очекувам да заминам во рајот
    • Ива Михаилова се појави во подкаст: „Јас сум Бугарка, тоа што сум родена во Македонија не ме прави Македонка”
    • Детали за несреќата на автопатот А3 во Хрватска: Само три секунди биле потребни за да се случи катастрофа
    • Од 1 декември нови правила за боледување
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Од денеска нови уплатници и промени на сите банкарски сметки – Македонија добива нов систем

    Од денеска нови уплатници и промени на сите банкарски сметки – Македонија добива нов систем

    09.11.2026 во 10:421 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Од денеска, 9 ноември, почнува примената на новите правила во денарскиот платен промет, со кои се менуваат уплатниците, шифрите за плаќање и начинот на означување на банкарските сметки. Промените се дел од модернизацијата на платниот систем и неговото усогласување со меѓународните стандарди.

    Досегашните платни налози ПП10, ПП30, ПП40, ПП50 и ПП53 се заменуваат со нови обрасци со поинаков изглед и ознаки. Така, за уплата на готовина наместо ПП10 ќе се користи ознаката ВГ, за подигнување готовина ПГ наместо ПП40, додека за пренос на пари во денари наместо ПП30 ќе се користи КТД.

    Се менуваат и шифрите за целта на плаќањето. Наместо досегашните нумерички ознаки, се воведуваат шифри составени од четири знаци, односно букви или комбинација од букви и броеви. На пример, досегашната шифра 262 за други неспоменати плаќања на правни субјекти се заменува со ознаката NOWS.

    Новина е и користењето на банкарските сметки во меѓународниот ИБАН-формат, со додавање на ознаката МК07 пред постојниот број на сметката. Граѓаните нема потреба да отвораат нови сметки, ниту да ги менуваат постојните, бидејќи банките автоматски ќе ги направат потребните приспособувања.

    Промените ќе бидат вградени и во електронското и мобилното банкарство, а за граѓаните начинот на извршување на секојдневните плаќања во најголем дел останува ист.

    Прочитај повеќе

    Ноемвриско утро со студ – УХМР ги измери температурите низ Македонија

    09.11.2026 во 10:29

    Ива Михаилова се појави во подкаст: „Јас сум Бугарка, тоа што сум родена во Македонија не ме прави Македонка”

    09.11.2026 во 10:16
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.