Неколку секунди заспивање зад воланот при брзина од 100 километри на час се причината за превртувањето на српскиот автобус на автопатот А3 во Хрватска, покажуваат првичните експертски анализи. Во несреќата две лица го загубија животот, а над триесет патници се здобија со повреди.
Сообраќајниот експерт Крунослав Ормуж истакнува дека автопатот А3 е една од основните транзитни артерии и дека самата сообраќајна инфраструктура не е причина за несреќата, иако монотоната долга деделница може дополнително да влијае врз поспаноста на возачите. Тој забележува дека со брзина од 100 км/ч, возилото поминува речиси 100 метри за три секунди, што оневозможува брза реакција во случај на губење на концентрацијата.
Според податоците од истрагата на 61-от километар од автопатот, 55-годишниот возач го изгубил правецот на движење, по што автобусот го пробил заштитниот појас и се превртел надвор од коловозот.
Во трагичниот епилог загинаа 17-годишно момче од Црна Гора и еден државјанин на Хрватска, а медицинска помош им беше укажана на 33 патници. Надлежното Окружно обвинителство од Велика Горица презема сите истражни дејствија за детално утврдување на причината за сообраќајната трагедија.

