Close Menu
Press24
    Најново

    Ива Михаилова се појави во подкаст: „Јас сум Бугарка, тоа што сум родена во Македонија не ме прави Македонка”

    09.11.2026 во 10:16

    Детали за несреќата на автопатот А3 во Хрватска: Само три секунди биле потребни за да се случи катастрофа

    09.11.2026 во 10:13

    Од 1 декември нови правила за боледување

    09.11.2026 во 10:05
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Ива Михаилова се појави во подкаст: „Јас сум Бугарка, тоа што сум родена во Македонија не ме прави Македонка”
    • Детали за несреќата на автопатот А3 во Хрватска: Само три секунди биле потребни за да се случи катастрофа
    • Од 1 декември нови правила за боледување
    • Крвав напад ја потресе Полска: Девет жртви, напаѓачот почина по три операции
    • Доаѓаат ноемвриски мразеви – УХМР со апел до земјоделците
    • Нов случај на семејно насилство во Скопје: Ја истепал сопругата, па ја зел малолетната ќерка
    • Путин подготвува шок за НАТО – на удар пет земји
    • Вандализам по Задушница: Искршени плочи на гробишта во Скопје
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Ива Михаилова се појави во подкаст: „Јас сум Бугарка, тоа што сум родена во Македонија не ме прави Македонка”

    Ива Михаилова се појави во подкаст: „Јас сум Бугарка, тоа што сум родена во Македонија не ме прави Македонка”

    09.11.2026 во 10:16Updated:09.11.2026 во 10:212 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Ива Михаилова од Кочани гостуваше во подкастот на бугарскиот новинар Мартин Карбовски, каде зборуваше за својот национален идентитет, судскиот процес што се води против неа во Македонија и односот на македонските институции кон неа.

    Подкастот, објавен на 7 ноември, е насловен „Сакаа да се откажам од бугарското во мене“, а Михаилова во разговорот со Карбовски, во кој учествува и нејзиниот адвокат Николај Димитров, ја претставува својата приказна низ призмата на бугарскиот идентитет.

    Таа вели дека се чувствува како Бугарка, иако е родена во Македонија, и тврди дека наводно се соочила со притисоци поради јавното декларирање на својата национална припадност.

    Во разговорот Михаилова изнесе и сериозни обвинувања за постапувањето на македонското обвинителство. Таа тврди дека преку посредник ѝ биле побарани пари за да добие условна пресуда, а обвинителот кој го водел предметот го нарече „бугарофоб“. За овие наводи засега нема независна потврда.

    Инаку, против Михаилова во Македонија се води судска постапка за сообраќајната несреќа во која загина 33-годишниот Бесим Дурмиши од Љуботен. Таа ја оспорува вината и изнесува сопствена верзија за околностите во кои се случила несреќата.

    Нејзиното гостување во бугарскиот подкаст повторно го отвори и прашањето за начинот на кој таа го претставува својот случај пред бугарската јавност, поврзувајќи го судскиот процес со својата национална определба.

    Featured Just In Picks Top News
    Прочитај повеќе

    Од 1 декември нови правила за боледување

    09.11.2026 во 10:05

    Доаѓаат ноемвриски мразеви – УХМР со апел до земјоделците

    09.11.2026 во 09:52
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.