Close Menu
Press24
    Најново

    СДСМ до Славески: „Часовникот отчукува”

    09.11.2026 во 08:30

    Не го спречила ниту судска забрана: Со косилка влегол во туѓ двор и се заканувал

    09.11.2026 во 08:26

    УХМР ги објави утринските температури – Подгответе се за промена на времето

    09.11.2026 во 08:19
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • СДСМ до Славески: „Часовникот отчукува”
    • Не го спречила ниту судска забрана: Со косилка влегол во туѓ двор и се заканувал
    • УХМР ги објави утринските температури – Подгответе се за промена на времето
    • Почина познатиот македонски хирург – Клековски со тага се прости од него
    • Нова инвестиција во Охрид: Мицкоски на свеченото отварање
    • Ќе нема струја до 15 часот – Овој понеделник исклучувања во четири општини
    • Дожд денеска, од утре потопло – УХМР најавува недела полна пресврти со времето
    • Мајката му однела пакет во „Идризово“, затворските служби пронашле 171 таблета
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » СДСМ до Славески: „Часовникот отчукува”

    СДСМ до Славески: „Часовникот отчукува”

    09.11.2026 во 08:302 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Од СДСМ обвинуваат дека премиерот Христијан Мицкоски вршел притисок врз гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, во врска со издавањето дозвола за работа на „Алта банка“. Од партијата бараат Славески да го пријави наводниот притисок, предупредувајќи дека во спротивно и самиот може да се соочи со одговорност.

    Од опозициската партија го критикуваат и обвинителот Савески, за кого тврдат дека не постапува самостојно, туку чека политички насоки од премиерот и реагира по јавни барања и политички притисоци.

    СДСМ во своите обвинувања се повикува и на случувањата поврзани со „Алта банка“ во Србија и Црна Гора, наведувајќи дека во овие земји имало санкции, одбивање на дозволи и истраги поврзани со финансиското работење на банката. Партијата отвора и прашања за потеклото на капиталот, поврзаноста со лица од криминалното подземје и наводните врски со српски политички и безбедносни структури.

    Од СДСМ тврдат дека со влезот на „Алта банка“ во македонскиот финансиски систем се отвора можност за ризик на средствата на јавните претпријатија и граѓаните. Според нив, Мицкоски ја внел во земјава финансиската мрежа поврзана со српскиот претседател Александар Вучиќ.

    Опозициската партија бара обвинителството да го истражи случајот и порачува дека одговорност мора да има за сите инволвирани, вклучително и за оние кои евентуално би се обиделе да го прикријат случајот.

    СДСМ повторно го повика Славески да го пријави Мицкоски, порачувајќи дека „часовникот отчукува“ и дека, како што велат од партијата, вистината наскоро ќе излезе на виделина.

    Featured Just In Picks Top News
    Прочитај повеќе

    Не го спречила ниту судска забрана: Со косилка влегол во туѓ двор и се заканувал

    09.11.2026 во 08:26

    УХМР ги објави утринските температури – Подгответе се за промена на времето

    09.11.2026 во 08:19
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.