Времето денеска во Скопје ќе биде променливо облачно, со повремени врнежи од дожд со слаб интензитет, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Ќе дува слаб ветер од променлив правец, а утринската температура ќе се спушти до 6 степени. Максималната дневна температура ќе достигне до 12 степени Целзиусови.
На ниво на државата, минималните температури ќе се движат од 2 до 8 степени, додека максималните ќе бидат во интервал од 9 до 14 степени. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, кој ќе биде поизразен долж Повардарието.
Од вторник се очекува период на променливо облачно и потопло време. Во одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла, додека локални врнежи од дожд се најавуваат кон крајот на седмицата.
Во петок ветерот од јужен правец повремено ќе засилува и ќе достигнува интензитет на силен ветер.

