Кичевчанец пазарувал во Струга со фалсификувана банкнота од 200 евра
ОВР Струга поднесе кривична пријава против Р.Б.(28) од кичевското село Долно Страгомиште, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување пари“.
Тој, на 23.04.2024 година во 15.40 часот, во продажен објект во Струга пуштил во оптек фалсификувана банкнота од 200 евра, со која ги платил купените производи.
10.07.2024 - 18:46
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа