Ауди го прекина извозот на своите возила во САД
Како Јагуар Ленд Ровер, германскиот производител на автомобили Ауди го суспендира извозот на своите возила во САД.
Одлуката е донесена откако актуелниот американски претседател Доналд Трамп воведе царина од 25 отсто за увезените возила и автоделови. Дистрибутерите на Audi во моментов имаат залихи кои би можеле да траат околу два месеци, по што ќе треба да се одлучи за понатамошни потези.
Царините беа воведени на 2 април, а беа погодени производителите на автомобили од САД и од странство. Audi веднаш реагираше и ги запре испораките на возила од своите фабрики во САД. Според достапните податоци, американските дистрибутери во моментов имаат околу 37.000 автомобили Audi, што е доволно за приближно 60 дена продажба. Дополнителни возила се во американските пристаништа, но засега нема да бидат доставени до дилерите.
Повисоки цени на производите на Audi за американските клиенти
Трамп повеќепати покажа дека останува на своите одлуки. Доколку сепак одлучи да ја укине оваа тарифна мерка, Audi би можел да продолжи да работи како и обично. Во спротивно, компанијата ќе мора да најде алтернативни решенија за да го задржи своето присуство на американскиот пазар.
Една од можностите е да се користат производствени капацитети во државата Тенеси, кои припаѓаат на групацијата Фолксваген. Сепак, не постои брз и лесен начин да се амортизираат зголемените трошоци и да се врати профитабилноста.
Без разлика на исходот, сите достапни опции ќе значат повисоки цени за американските купувачи. Иако многумина можат да си го дозволат тоа, ситуацијата не оди во прилог на долгорочната позиција на Audi на тој пазар.
Audi не е единствениот производител кој се соочува со овој проблем – Jaguar Land Rover исто така го направи истиот потег.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа