Трамп: Бидете кул, сè ќе биде добро

 

Американскиот претседател Доналд Трамп уште еднаш објави на својата мрежа Truth Social.

Во новата објава тој ги повика Американците да останат смирени. „БИДИ КУЛ! Сè ќе излезе добро. Соединетите Држави ќе бидат поголеми и подобри од кога било досега!“ напиша тој. 

Ова е одлично време за купување DJT“, додаде тој во подоцнежната објава на Truth Social.

Да потсетиме, на полноќ EST стапија на сила високите царини на Трамп за светот, кои тој ги нарекува реципрочни. Така тој ја погоди Кина со царини од 104 отсто, додека Кина возврати со нова царина од 84 отсто.

 
 

 

ЕУ, исто така, одлучи да воведе царини за некои американски производи. 

09.04.2025 - 18:51

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега