Горат коли кај Психијатриската болница во Бардовци: На терен 4 пожарни и 10 пожарникари

 


Попладнево избувна пожар на плац со стари возила зад Психијатриската болница во Бардовци.

Според скопската Противпожарна служба, запалени се пет автомобили. Нема повредени, а болницата не е зафатена од пожарот. Пожарот е изгаснат со интервенција на 4 возила и 10 пожарникари.

Станува збор за стари автомобили од кои се препродавале делови.

09.04.2025 - 16:34

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега