Ни се враќа пролетта, температурите почнуваат да растат

 

По ладниот бран кој директно се спушти од Сибир и во месец април донесе и снег на повеќе места и во повеќе градови низ државата, следува период на се потопло време како преку ден така и во ноќните и утринските часови. Поточно, во постепен пораст ќе бикдат и минималните утрински како и максималните дневни температури на воздухот.

Метеорологот Славчо Поповски објасни дека температурите наутро во следниот период на повеќе места ќе бидат позитивни со исклучок на повисоките населени места како и на планините, секако, вклучувајќи ги и Скијачките места, каде температурите и понатаму ќе биат за неколку степени под нулата.

-Максималните дневни температури ќе бидат постепено пролетни, и во периодот кој што ни следува, тие на повеќе места ќе се искачуваат близу, па и околу 15 степоени, а на повеќе места тие ќе надминуваат и 15 степени. Во Повардарието, како и во југоисточните предели од нашата Македонија тие ќе се искачуваат до околу, па и над 20 степени. Да напоменам дека до сабота, особено во Повардарието и во источните предели повремено ќе дува засилен до силен ветер од северен и од северозападен правец, повремено со брзина до околу 70 км/час., објасни Поповски.

Инаку, времето денеска ќе биде сончево со умерена локална облачност, локално повеќе облачност ќе има утре, четврток како и во сабота, кога ќе има појава на локален краткотраен дожд и услови за ретки грмежи, додека на планините над 1700/1800 метри надморска височина ќе провејува снег.

09.04.2025 - 21:29

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега