Close Menu
Press24
    Најново

    Идниот месец се менува целиот систем на плаќање во банките – еве што треба да знаете

    19.10.2026 во 11:24

    Инфлација: Поскапеа сендвичите во 7ца – ова се новите цени

    19.10.2026 во 22:34

    Страшна бура во Шпанија: Загинаа две жени, војската и специјалните служби се на терен поради катастрофалните поплави

    19.10.2026 во 11:18
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Дневен хороскоп: Како да ги избегнете конфликтите и каде да ја насочите енергијата
    • Посетата на Клековски во Софија топ тема во Бугарија – Што напишаа медиумите за случајот со Ива Михаилова?
    • Пожар по полноќ во Скопје – Изгореа два автомобили
    • Светите Сергиј и Вакх се празнуваат денеска: Порака за вера, храброст и истрајност, ова се обичаите
    • ВИДЕО: Мицкоски ги покажа новите амбулантни возила – „Од денес достапни за граѓаните”
    • ВЛЕН: Просечната плата порасна за 7.538 денари за две години
    • Студено утро во Македонија, па „пролет” – УХМР најавува пресврт со времето
    • Ќе снема вода во 9 часот – Исклучување на неколку скопски улици
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Герасимовски: Во следните денови поставуваме мерачи за бучава на 30 локации

    Герасимовски: Во следните денови поставуваме мерачи за бучава на 30 локации

    04.11.2025 во 10:412 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски, на средбата со раководителите на сектори дискутираа за проектите што е предвидено да се реализираат во наредните четири години. 

    Тој најави дека, во месец ноември ќе се одржат буџетските форуми кадешто граѓаните се добредојдени да дадат што поголем број на идеи и предлози за развој на општината. 

    „Буџетските форуми поминаа искрено одлично со голема посетеност, но и заинтересираност од страна на жителите. Ноември месец се токму за нив. Добредојдени се граѓаните да ни дадат што поголем број на предлози и идеи за да ги ставиме во новата програма и ги преточиме во буџетот“, рече Герасимовски. 

    Герасимовски, истакна дека завршена е постапката за уредите за мерење на бучава. 

    „Предлагам истите да почнат што поскоро да се поставуваат. Ако можеме уште од оваа недела да се поставуваат на 30 локации, да видиме кои ни се оние ударни локации кадешто граѓаните најмногу се жалат за бучава во ноќните часови. Според бројот на пријави и поплаки од жителите и таму да се постават“, посочи Герасимовски. 

    На состанокот со вработените во општината, тие разговараа и за хортикултурното и партерно уредување на плочникот кај Зелен пазар. Тој, потенцираше дека на оваа локација улица нема да има, туку ќе се реконструира кошаркарското и детското игралиште, ќе има ново зеленило. Герасимовски, изјави дека ветувањето е дека до месец мај мора да се заврши. 

    Во однос на хигиената, Герасимовски порача дека хигиничарите се секојдневно на терен и ќе преземат се’ што треба за да нема смет по улиците. 

    „Гледаме дека градот почна, односно има ветувања дека ќе почне со расчистување на сметот, но ние нема да го чекаме градот, како и досега си продолжуваме.  И од сабајле, и ги слушаме и ги гледаме нашите хигиеничари. Имавме доста проблеми викендов што не се чистеа подземните контејнери, па работеа и сабота и недела, но Центар мора да биде чист, нема да го чекаме градот, туку сами ќе се превземаме се што треба за да немаме смет по улиците“, додаде Герасимовски. 

    Прочитај повеќе

    Ќе снема вода во 9 часот – Исклучување на неколку скопски улици

    20.10.2026 во 08:09

    Ќе нема струја 6 ипол часа – Најавени исклучувања во повеќе делови на Скопје

    20.10.2026 во 08:05
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.