Уште еден случај на семејно насилство е регистриран во Тетовско, каде 24-годишен маж бил приведен по пријава дека физички ја нападнал својата 49-годишна мајка.
Инцидентот се случил на 8 ноември околу 23:20 часот во семејниот дом, по претходна расправија. Жената го пријавила нападот во полиција, по што полициски службеници го привеле нејзиниот син.
Тој бил задржан во полициска станица, а по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

