Close Menu
Press24
    Најново

    2.158 амандмани за Законот за јавни набавки – Собранието повторно расправа по ветото на Сиљановска

    10.11.2026 во 08:12

    Судството под лупа на Брисел: Забележан напредок, но реформите продолжуваат

    10.11.2026 во 08:11

    Нова македонска амбасада на Балтикот – Муцунски денеска во Литванија

    10.11.2026 во 08:08
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • 2.158 амандмани за Законот за јавни набавки – Собранието повторно расправа по ветото на Сиљановска
    • Судството под лупа на Брисел: Забележан напредок, но реформите продолжуваат
    • Нова македонска амбасада на Балтикот – Муцунски денеска во Литванија
    • Сиљановска во Париз: Хибридни закани и национална безбедност во фокусот
    • Ќе нема струја со часови – Исклучување во делови на Скопје
    • Ќе снема вода во 08:30 – Најавени исклучувања во Скопје
    • Студен бран доаѓа кон Македонија: УХМР најавува од кога ќе паѓаат температурите
    • Скопјанка при посета на осуденик донела марихуана во затвор
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » 2.158 амандмани за Законот за јавни набавки – Собранието повторно расправа по ветото на Сиљановска

    2.158 амандмани за Законот за јавни набавки – Собранието повторно расправа по ветото на Сиљановска

    10.11.2026 во 08:122 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Собранието денеска повторно ќе ги стави на дневен ред измените на Законот за јавните набавки, откако претседателката Гордана Сиљановска-Давкова одби да го потпише указот за нивно прогласување. Пратениците ќе треба повторно да се изјаснат за законското решение, кое предизвика реакции поради одредбите што го регулираат мандатот на членовите на Државната комисија за жалби по јавни набавки.

    За измените се поднесени 2.158 амандмани. Владејачкото мнозинство предлага бришење на спорниот член 13, на кој претседателката имаше забелешки, додека најголемиот број од останатите амандмани се поднесени од СДСМ.

    Сиљановска-Давкова на 4 ноември го извести Собранието дека нема да го потпише указот, повикувајќи се на член 75 став 3 од Уставот. Нејзината одлука следуваше по анализа на законските измени усвоени на 26 октомври и консултации со експерти.

    Главниот проблем, според претседателката, е членот 13, со кој се менува начинот на именување на претседателот и членовите на Државната комисија за жалби по јавни набавки. Досегашното решение предвидуваше петгодишен мандат со можност за уште еден избор, додека новата формулација предвидува повторно именување, без јасно утврдено ограничување на бројот на мандати.

    Сиљановска-Давкова оцени дека ваквата формулација остава простор за различни толкувања и потенцијално неограничено повторување на мандатите. Според неа, тоа може да доведе до прекумерна концентрација на влијание во телото кое одлучува по жалби во постапките за јавни набавки, односно во процесите поврзани со трошењето на јавните средства.

    Таа потсети и на претходните проблеми и сомнежи во работата на Комисијата, нагласувајќи дека ограничувањето на мандатите е важно за независноста и непристрасноста на нејзиното работење.

    Според Деловникот на Собранието, кога претседателот ќе одлучи да не потпише указ за прогласување закон, тој повторно се разгледува во трето читање. Во оваа фаза амандмани можат да се поднесуваат само во врска со забелешките на претседателот. Рокот за нивно поднесување истече на 6 ноември.

    Покрај Законот за јавните набавки, на дневниот ред на 129. пленарна седница се и измените на Буџетот за 2026 година и Законот за извршување на Буџетот, како и договорот со Албанија за воспоставување заеднички гранични премини и спроведување заеднички гранични контроли.

    Пратениците ќе расправаат и за законски измени од областа на здравственото осигурување, Кривичниот законик, пензиското осигурување, Фондот за осигурување на депозити, земјоделството и руралниот развој, како и семејната и станбената поддршка.

    Featured Just In Picks Top News
    Прочитај повеќе

    Судството под лупа на Брисел: Забележан напредок, но реформите продолжуваат

    10.11.2026 во 08:11

    Нова македонска амбасада на Балтикот – Муцунски денеска во Литванија

    10.11.2026 во 08:08
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.