Close Menu
Press24
    Најново

    Нова македонска амбасада на Балтикот – Муцунски денеска во Литванија

    10.11.2026 во 08:08

    Сиљановска во Париз: Хибридни закани и национална безбедност во фокусот

    10.11.2026 во 08:07

    Ќе нема струја со часови – Исклучување во делови на Скопје

    10.11.2026 во 08:04
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Нова македонска амбасада на Балтикот – Муцунски денеска во Литванија
    • Сиљановска во Париз: Хибридни закани и национална безбедност во фокусот
    • Ќе нема струја со часови – Исклучување во делови на Скопје
    • Ќе снема вода во 08:30 – Најавени исклучувања во Скопје
    • Студен бран доаѓа кон Македонија: УХМР најавува од кога ќе паѓаат температурите
    • Скопјанка при посета на осуденик донела марихуана во затвор
    • Гаши: ЕУ беше неправедна кон земјава и пропушти шанса преку неа да прати порака до целиот регион
    • Дурмиши: Заштитата на работниците и подобрите услови за бизнисите се врвен приоритет
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Нова македонска амбасада на Балтикот – Муцунски денеска во Литванија

    Нова македонска амбасада на Балтикот – Муцунски денеска во Литванија

    10.11.2026 во 08:081 Min Read
    Тимчо Муцунски, Фејсбук
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Македонија ќе го прошири своето дипломатско присуство во Балтичкиот регион со отворање нова амбасада во литванската престолнина Вилнус. По тој повод, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска ќе престојува во работна посета на Литванија.

    Свеченото отворање на македонската амбасада ќе биде централниот настан од посетата, со која, според Министерството за надворешни работи, се очекува да се продлабочат дипломатските и билатералните односи меѓу двете земји, како и соработката со поширокиот Балтички регион.

    За време на престојот, Муцунски ќе се сретне со литванскиот министер за надворешни работи, Кештудис Будрис. На средбата ќе се разговара за политичките односи, можностите за зголемување на економската размена и напредокот на Македонија кон членство во Европската Унија.

    На дневен ред ќе бидат и актуелните безбедносни прашања, како и соработката во рамките на евроатлантските структури.

    Посетата се реализира во период кога Литванија се подготвува да претседава со Советот на Европската Унија во првата половина на 2027 година, што се смета за важен период и за европската агенда на Македонија, особено во однос на процесот на проширување.

    Featured Just In Picks Top News Влада
    Прочитај повеќе

    Сиљановска во Париз: Хибридни закани и национална безбедност во фокусот

    10.11.2026 во 08:07

    Ќе нема струја со часови – Исклучување во делови на Скопје

    10.11.2026 во 08:04
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.